(Видео) Меси спречи пораз на Интер во Орландо

(Видео) Меси спречи пораз на Интер во Орландо

пред 4 часа

Лионел Меси постигна два гола во второто полувреме и го предводеше актуелниот шампион Интер Мајами до победата против Орландо Сити – 4:2.

Интер одигра лошо прво полувреме, му дозволи на орландо до 24-та минута да води со 2:0.

Раниот гол на Силвети во второто полувреме го најави пресвртпт на Интер. Во 57-та минута, аргентинскиот маестро го израмни резултатот на 2:2 по асистенцијата на Теласко Сеговија, кој донесе целосен пресврт во 85-та минута.

Меси стави точка на натпреварот во 90-та минута со спектакуларен гол од слободен удар.

Тренерот на Мајами, Хавиер Маскерано, не ги криеше своите емоции по натпреварот:

„Победата им припаѓа исклучиво на играчите. Во второто полувреме, тие беа шампионски тим. Немаше тактика – тоа беше срце, храброст, посед, упорност и посветеност. Тие излегоа на теренот како шампиони и го покажаа тоа.“

Зборувајќи за Меси, Маскерано додаде:

„Тој е најдобриот играч во историјата на фудбалот. Тој е лидер и ги инспирира другите, но му е потребна и инспирација. Кога се движи напред и има опции во нападот, тој е способен да создаде шанси како никој друг. Тоа ни овозможи да го свртиме натпреварот.“

Аргентинецот постигна 51 гол во последните 49 настапи. Во кариерата досега постигнал 898 голови.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top