Со натпреварот помеѓу Интер Мајами и Реал Солт Лејк започна новата сезона во МЛС лигата.
Тимот од Флорида предводен од Лионел Меси и Луис Суарез ги совлада гостите во Форт Лодердејл со 2:0.
Токму поранешните соиграчи од Барселона беа асистенти во натпревар.
Стрелци за Мајами беа Роберт Тејлор, по одличното додавање на Меси и лошата реакција на голманот, и Диего Гомеш на кого му асистираше Суарез откако Меси започна одличен напад и ги збуни противничките дефанзивци.
За Интер во првиот состав играа уште двајца поранешни соиграчи на Меси од Барселона, Џорди Алба и Серхио Бускетс.