Фудбалерите на Милан победија како гости кај Кремонезе со 2:0 со голови во 89-та и 94-та минута.
„Росонерите“ едвај успеаја да освојат три бода во дуелот со еден од најслабите тимови во лигата, на чиј гол блескаше Индонезиецот Емил Аудеро, убедливо најдобриот актер на натпреварот.
По неколкуте спектакуларни одбрани, во финишот на мечот, Аудеро со многу среќа го совлада Србинот, Страхиња Павловиќ. Топката која одеше крај голот, го погоди Павловиќ и заврши во голот.
Потоа, длабоко во судиското продолжение, меѓу стрелците се запиша и Рафаел Леао, конечно, по многуте шанси што не ги искористи, стави крај на надежите на Кремонезе и на тешко извојувана победа на тимот од главниот град на модата.
Милан се втори на табелата со 10 поени помалку од лидерот Интер и четири, односно седум повеќе од Наполи и Рома.
Foto/ EPA






