(Видео) Миовски со два гола му донесе победа на Абердин

(Видео) Миовски со два гола му донесе победа на Абердин

пред 9 месеци

Бојан Миовски ја игра најдобрата полусезона во кариерата. Вечерва со два гола му ја донесе победата на Абердин над Ливингстон (2:1).

Откако гостите поведоа во 28.минута на сцена стапи македонскиот репрезентативец. По додавањето на Девлин го постигна првиот гол во 42., а победата на Абердин му ја донесе во 65.минута.

Миовски досега има постигнато 14 гола и уште еднаш му се препорача на Селтик. Од најтрофејниот шкотски тим не кријат дека имаат намера да го донесат Миовски во јануарскиот преоден рок. Абердин за Миовски бара пет милиони евра.

Share
Scroll to Top