(Видео) Мурињо заработи жолт картон поради лаптопот

(Видео) Мурињо заработи жолт картон поради лаптопот

пред 3 часа

Фудбалерите на Фенербахче како гасти славеа над Аланија со 2:0. По овој натпревар Фенербагхче се вторио на табелата со 16 поени, три помалку од Галатасарај.

Натпреварот го обележа Жозе Мурињо кој смисли нов начин како да го испровоцира главниот судија и да добие жолт картон.

Во 78.минута, незадоволен од една судиска одлука, темпераментниот Португалец, пред една од камерите на лаптоп ја пушти според него спорната ситуација.

Главниот судија Џихан Ајдин, веднаш му покажа жолт картон.

Фенербахче победи со головите на Душан Тадиќ во 63. минута и Кевин Талисон (автогол) во 81. минута.

Share
Scroll to Top