(Видео) Навивачите на Лил фрлаа факели кон своите играчи по поразот од Звезда

(Видео) Навивачите на Лил фрлаа факели кон своите играчи по поразот од Звезда

пред 5 часа

Фудбалерите на Црвена Звезда го шокираа Лил во Франција во првиот натпревар од плејофот за место во осминафиналето, во Лига Европа.

Српскиот тим победи со 0:1, а единствениот стрелец на натпреварот беше Тебо Учена во првата минута од судиското продолжение во првото полувреме.

Домашните навивачи не го криеја своето незадоволство.

Кога нивните фудбалери отидоа да ги поздрават по последниот свиреж на судијата, реакцијата беше жестока.

Тие запалија факели и ги фрлија на теренот во знак на протест, во правец на фудбалерите. Побараа и оставка од тренерот Бруно Женесио.

Фудбалерите на францускиот клуб се повлекоа за да избегнат евентуални повреди.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top