Фудбалерите на Феенорд убедливо го совладаа Ајакс со 6:0 (3:0) во познатиот „Класикер“ на холандската „Ередивизија“.
Никогаш досега Ајакс не доживеал ваков пораз во натпреварите со Феенорд.
За доминацијата на Феенорд говори статистиката, која вели дека односот во ударите бил 30:1. Единствениот удар на Ајакс кон голот на домаќините беше дури во 82. минута.
За Феенорд погодија Паишао во 34. минута, Минтех во следниот напад и Ханцко во судиското надополнување на првото полувреме.
Во вториот дел стрелци беа повторно Минтех во 56. минута, Тимбер во 62. и Паишао во 66. за конечни 6:0.
Феенорд останува на второто место, без реални шанси да го стигне ПСВ на врвот на табелата. Разликата е девет бода, на пет кола до крајот.
Ајакс падна на шестото место, со 45 освоени бодови.