(Видео) Нема да запре додека не постигне 1.000 голови

(Видео) Нема да запре додека не постигне 1.000 голови

пред 2 недели

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо го постигна 900. гол во кариерата и кажа дека нема намера да застане додека не дојде до бројката 1.000. голаи дека целта му е да постигне 1.000 гола во текот на кариерата.

„Сакам да постигнам 1.000 голови. Ако ме заобиколат повредите, тоа ми е најважно, тоа го сакам. Има видеа од сите голови што сум ги постигнал”, изјави 39-годишниот Роналдо.

Роналдо емотивно го доживеа 900. гол, падна на колена покрај корнер знаменцето и се расплака.

Тоа беше негов 131 гол за Португалија, а на клупски план беше стрелец за Спортинг, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и Ал Наср.

За Спортинг Лисабон постигна пет гола на 31 натпревар, а за Јунајтед во првиот мандат имаше 118 гола на 293 натпревари, а во вториот 27 гола на 54 натпревари.

За девет години во Реал постигна 450 гола на 438 натпревари, во Јувентус постигна 101 гол на 134 натпревари, додека за Ал Наср на 74 натпревари досега постигна 68 гола.

Роналдо е рекордер по бројот на настапи, голови и асистенции во Лигата на шампионите, како и по бројот на настапи, постигнати голови и асистенции на Европските првенства.

Тој е најдобар и по бројот на постигнати голови во меѓународните репрезентативни натпреварувања и по бројот на одиграни натпревари.

Не постои централна база на податоци за најдобар стрелец, но Роналдо е водечки стрелец во официјалните натпревари.

Бразилските легенди Пеле и Ромарио тврдеа дека постигнале по 1.000 гола, но ако се исклучат пријателските натпревари, според неофицијални податоци, Пеле постигнал 778 гола, а Ромарио 785.

Опонентот на Роналдо, Лионел Меси досега има постигнато 867 голови.

Share
Scroll to Top