(Видео) Нејмар чекаше 981 ден

(Видео) Нејмар чекаше 981 ден

пред 3 часа

Бразил ја победи Шкотска со 3:0, а последните 15 минути ги одигра Нејмар. Најдобрито стрелец во историјата на „Селесао“ се врати во репрезентацијата по речиси три години.

Доволна причина за солзи по натпреварот. Поради повреда на предните вкрстени лигаменти во октомври 2023 година, Нејмар мораше да направи долга пауза, кога се повреди против Уругвај во квалификациите.

981 ден подоцна, тојј повторно го облече жолтиот дрес.

„Прекрасно чувство. Навистина сум среќен, навистина задоволен, всушност, трогнат. Кога судијата го означи крајот на натпреварот, го погледнав моето семејство. Сите знаат низ што поминав. Тие внимателно го следеа тоа. Нашата цел беше да бидеме тука со репрезентацијата. Да играм на уште едно Светско првенство. И успеав да го постигнам тоа. Навистина сум задоволен, навистина среќен. Би сакал да им се заблагодарам на сите што ме поддржуваа. Би сакал да им се заблагодарам на сите што беа тука денес и го скандираа моето име на стадионот. Тоа е сосема поинакво чувство, но прекрасно е повторно да го доживеам“, рече емотивниот Неј.

Интересно е што Нејмар е првиот играч по Пеле во историјата на бразилската репрезентација што ја носел култната „десетка“ на грбото на четири Светски првенства.

Од 2014 година, Нејмар секогаш е присутен во репрезентацијата. Секако, она што е исто така многу важно за него е што е најдобриот стрелец на репрезентацијата во историјата. Тој постигна 79 гола, Пеле има 77, Роналдо 62. Го постигна тој 79-ти гол во септември 2023 година во победата над Боливија во квалификациите за ова Светско првенство.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top