(Видео) Новак Ѓоковиќ во легендарната ќебапчилница во Сараево по победата на Босна, работниците не можеа да поверуваат

(Видео) Новак Ѓоковиќ во легендарната ќебапчилница во Сараево по победата на Босна, работниците не можеа да поверуваат

пред 4 часа

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина имаше еден посебен навивач на трибините за време на нивната победа над Италија по изведувањето на пенали, што им обезбеди и место на Светското првенство. Тоа беше најдобриот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ.

Откако прославата се пресели на улиците на главниот град на Босна и Херцеговина, им се придружи и Новак, кој ја посети легендарната ќебапчилница „Жељо“ во непосредна близина на Баш Чаршија.

Откако влезе во објектот, работниците не можеа да им веруваат на своите очи дека најдобриот тенисер на сите времиња стои пред нив. Новак Ѓоковиќ влезе во ќебапчилницата како секој нормален човек, без да предизвикува некаква помпа.

Потоа, се одржа фотосесија со вработените во објектот, кои беа воодушевени што Новак решил да се „почасти“ со посетата, а српскиот тенисер си замина со голема насмевка на лицето.

Инаку, ќебапчилницата „Жељо“ постои од 1968 година и со децении се смета за една од најдобрите и најпосетуваните во Сараево.

– Сараево – градот на шампионите! Добредојде, Новак Ѓоковиќ! – напишаа од „Жељо“.

Share
Scroll to Top