(Видео) Нов пораз на Манчестер јунајтед, Челси сигурен против Њукасл, прв триумф за Кристал Палас

(Видео) Нов пораз на Манчестер јунајтед, Челси сигурен против Њукасл, прв триумф за Кристал Палас

пред 6 часа

Вест Хем, Челси и Кристал Палас забележаа победи во натпреварите одиграни попладнево во Премиер лигата.

Вест Хем ја продлабочи кризата на Манчестер јунајтед со триумфот 2:1. „Црвените ѓаволи“ сами се винвни за поразот, бидејќи во првиот дел не реализираа неколку исклучиелно добри шанси.

Вест Хем одигра подобро во второто полувреме преку Самевил во 74.минута. Јунјтед тргна во тотална офанзива и седум минути подцна Касемиро го изедначи резултатот. Сепак „чеканите“ дојдоа до победата со гол од пенал во 91.минута. Срелец беше Боувен.

Двата тима по девет кола имаат по 11 бода и се наоѓаат на пизцииите 13 и 14.

Добар натпревар на „Стенфорд Бриџ“ одиграа Челси и Њукасл. Победникот го реши Кол Палмер на стартото на второто полувреме.

Во првиот дел на Палмер му беше поништен гол во четвртата минута, а „сините“ поведоа во 18. со голот на Џексон. Изедначи Исак во 31.минута.

Челси се наоѓа на четвртото место со 17 бода, Њукасл е 12. со исто толку бодови.

Кристал Палас го шокираше Тотенхем и славеше за прв пат во сезоната. Во лондонското дерби домашните славеа со 1:0, а решавачкиот гол го постигна Жан-Филип Матета во 31. минута.

Share
Scroll to Top