(Видео) Оли Воткинс: Емери е тактички гениј

(Видео) Оли Воткинс: Емери е тактички гениј

пред 5 часа

Оли Воткинс е херојот на верашната победа на Астон Вила на „Стенфорд Бриџ“, над Челзи (2:1). Постигна два гола, во второто полувреме и ја продолжи неверојатната серија на Астон Вила. Тимот на Унаи Емери има 11 победи во сите натпреварувања, осум по ред во Премиер лигата.

„Тактички гениј“, рече Воткинс за Емери, „Тој направи промена во играта, бидејќи Челзи играше човек на човек, но тие имаа дополнителен стопер кога игравме со долги топки. Кога влегов во игра, тој ги стави Џејдон и Морган Роџерс на крилата и го премести Јури (Тилеманс) на „десетка“, па тука имавме играч повеќе. Тој (Емери) е тактички гениј“.

И покрај феноменалната форма на неговиот тим, Емери не се согласува дека Астон Вила е кандидат за титулата.

„Имам чувство дека се бориме за Европа, а не за титулата со Манчестер Сити и Арсенал. Одигравме 18 натпревари, а имаме уште 20 пред нас. Тимови како Ливерпул, Челзи и Манчестер Јунајтед, мора да се натпреваруваме со нив. Мора да бидеме конзистентни во текот на 38-те кола.“

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top