(Видео) ПАО има поплаки на судењето против Париз

(Видео) ПАО има поплаки на судењето против Париз

пред 6 часа

Париз, синоќа ја забележа првата победа во Евролигата. Изненадувачки, актуелниот освојувач на Еврокупот, го победи актуелниот шампион Панатинаикос. Грците по поразот имаат поплаки на судењето.

Христос Серелис, асистентот на Ергин Атаман, откри дека ПАО подготвува жалба за според нив лошото судење во „Градот на светлината“.

„Го завршивме првиот дел од протестот, а тоа е да направиме извештај, и имаме 90 минути да го поддржиме. Се чини дека ќе го направиме тоа“, рече Серелис.

Во финишот на натпреварот на 3:42 минути до крајот кога Париз водеше 75::68 судиите решија да досудат техничка грешка на тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, а веднаш потоа Кендрик Нан доби неспортски фаул.

Апелот на Панатинаикос е дека меѓу двете одлкуи на судиите натпреварот требало да биде прекинат, но времето продолжи да тече, поради што Панатинаикос поднесе жалба.

Според Атаман, јасно е видливо незадоволството по поразот во Париз.

„Честитки за Париз. По толку години, првпат гледам вакво нешто во Евролигата. Тие одиграа многу брз натпревар. Трчаа и шутираа. Шутираа по само 5-6 секунди“, рече тренерот на Панатинаикос, кој не сакаше дополнително да ги коментира одлуките на судиите.

„Не треба ништо повеќе да кажам,оние кои го гледаа натпреварот видоа што се случи“.

Share
Scroll to Top