Легендарниот голман на Стеауа од Букурешт, Хелмут Дукадам почина утрово на 65-годишна возраст. Тажната вест ја објави неговиот поранешен соиграч Марсел Пушкаш на Фејсбук, а набрзо ја потврдија и бројни избори.
Точната причина за смртта не е соопштена, но Дукадам во последно време имал различни здравствени проблеми, а пред два месеци направи операција на отворено срце.
Дукадам е познат по својот фантастичен настап во финалето во Купот на шампионите во 1986 година, односно во денешната Лига на шампиони, кога одбрани дури четири пенали по ремито 0:0 против Барселона и стана единствениот Романец во Гинисовата книга на рекорди.
Тој натпревар и денес е познат како финалето на Дакадам. Стеауа во 1986 година го освои Купот на шампионите.
„Почина еден од моите добри пријатели. Многу талентиран фудбалер и единствениот Романец во Гинисовата книга на рекорди. Хелмут Дакадам не остави на само 65 години. Хелмут, почивај во мир“, напиша Пушкаш, кој две години беше соиграч на Дукадам во Стеауа, а денес е претседател на Сеалаул.
Дукадам играше за Стеауа, со која тогаш раководеше семејството на диктаторот Чаушеску, од 1982 до 1986 година, но веднаш по освојувањето на сензационалната титула европски шампион, неговиот живот пропадна. Поради одбивањето да игра на наместена средба, тој заврши на суд, а поради откриената аневризма мораше преку ноќ да ја заврши кариерата.