(Видео) Реал рутински ја победи Валенсија

(Видео) Реал рутински ја победи Валенсија

пред 6 часа

Фудбалерите на Реал Мадрид ја победија Валенсија на „Местаља“ со 3:0, во натпреварот од 12-тото коло на Ла Лига.

Реал го реши мечот во втората половина од првото полувреме кога постигнаа два гола.

Прво, Валверде ја погоди мрежата на Димитриевски со одличен удар во 28-та минута, а осум минути подоцна реализираше и и Гулер.

Мбапе се закани неколку пати во продолжението, еднаш со спектакуларни ножички, и конечно постигна гол во 75-та минута по додавање од Гулер.

Набрзо, Французинот изнуди црвен картон за Гаја во 79-та минута.

Македонскиот репрезентативец Столе Димитиревски беше најдобриот играч на Валенсија. Со неколку одбрани спречи неговиот тим да доживее вистински дебакл.

Реал е израмнет со Барселона на врвот на табелата, имаат по 30 бода, а Блауграна има натпревар помалку.

Валенсија продолжува да се мачи и моментално е претпоследна со само девет бода.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top