(Видео) Реал со пресврт победи на Канарските острови

(Видео) Реал со пресврт победи на Канарските острови

пред 8 месеци

Реал Мадрид со пресврт го победи Лас Палмас на гости со 2:1 во натпреварот од 22.коло на шпанската Ла Лига.

Домашните поведоа со голот на Хави Муњоз во 53. минута, но Винисиус Жуниор израмни 12 минути подоцна.

За Бразилецот тоа беше шести гол сезонава, а втор во последните два меча.
На шест минути до крајот Чуамени го постигна победничкиот гол на асистенција на Крос.

Со оваа победа Реал ја прескокна Џирона на првото место, двата тима имаат идентичен број одиграни натпревари (21), но бод повеќе има „кралскиот клуб“.

Во првиот меч од денешната програма Столе Димитриевски успеа да го одбрани својот гол и да му донесе бод на Рајо Ваљекано на тешкото гостување во Сан Себастијан, кја Реал Сосиедад.

Share
Scroll to Top