(Видео) Ристовски и Адеми со Динамо го растурија Слован, Миовски и Џирона декласирани во Ајндховен

(Видео) Ристовски и Адеми со Динамо го растурија Слован, Миовски и Џирона декласирани во Ајндховен

пред 1 недела

Со убедливите победи на Динамо Загреб и ПСВ Ајндховен започна четвртото коло во Лигата на шампионите. Динамо, во Братислава го победи Слован со 4:1, а ПСВ славеше во дуелот со Џирона.

Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар, а Аријан Адеми играше од 63.минута во Братислава каде Динамо го победи Слован.

По дебаклот во првото коло од Баерн, Динамо одигра нерешено со Монако и славеше над Салцбург и Слован. Прв пат од далечната 1998 година Динамо забележа две победи по ред во ЛШ, а прв пат во историјата „модрите“ во ЛШ победија на два последовни натпревари.

Динамо има седум бода по четири кола и блиску е до пласман во нокаут фазата.

Во Братислава, Слован во петтата минута дојде до предност со голот на Стрелец, а потоа се беше во знакот на гостите од Загреб. Изедначи Шпикиќ во 10, а во 30.минута Сучиќ направи пресврт. Во вториот дел победата на Динамо со два гола ја запечати Куленовиќ.

Во Ајндховен, ПСВ издоминира протув Џирона, во чии редови Бојан Миовски играше до 67.минута.

Фламинго и Тилман во 16. и 31.минута погодина за 2:0, а откако Арнау Мартинез во 55.минута беше исклучен, завршија надежите на Џирона дека може да направи изненадување.

Во финишот Бакајоко погоди за 3:0, а лошата партија на Џирона во претпоследната минута ја запечати Крејќи со авто-гол.

Share
Scroll to Top