ВИДЕО: Романците во последниот напад ја скршија Австрија, победи за Данска, Полска и за Хрватска

ВИДЕО: Романците во последниот напад ја скршија Австрија, победи за Данска, Полска и за Хрватска

пред 12 часа

Романија го одржа чекорот во трката за баражот за второто место откако на домашен терен ја совлада Австрија со 1-0. Херој на мечот беше Вирџил Гита, кој постигна гол во 95-тата минута, само дваесетина минути откако влезе како замена, донесувајќи значаен триумф за својот тим.

Данска ја реши Грција уште во првото полувреме, славејќи со 3-1. Расмус Хојлунд отвори резултат во 21. минута, а потоа погодоците ги постигнаа Андерсен и Дамсгард. Грците успеаја да постигнат само почесен гол преку Христос Цолис во второто полувреме.

Полска запиша гостинска победа над Литванија со 0-2. Шимански ги отвори сметките уште во 15. минута, а Роберт Левандовски ја потврди победата со погодок во 64. минута.

Хрватска очекувано го победи Гибралтар со 3-0. Деби голот на Фрук донесе предност, а иако Ловро Мајер промаши пенал, Сучиќ и Ерлиќ се погрижија за убедлив триумф на „коцкестите“.

Share
Scroll to Top