(Видео) Роналдо со приватен авион се вратил во Португалија

(Видео) Роналдо со приватен авион се вратил во Португалија

пред 6 часа

Капитенот на португалската фудбалска репрезентација, Кристијано Роналдо, не се врати во татковината со своите соиграчи откако беше елиминиран од Светското првенство.

По поразот од Шпанија во осминафиналето на Светското првенство, легендарниот напаѓач, со приватен авион се врати во Португалија, објави шпанска „Марка“.

Според истиот извор, пред да замине, Роналдо бил многу срдечен кон вработените на аеродромот, ги поздравил вработените и им се заблагодарил на сите што учествувале во организацијата на патувањето.

Зад португалскиот капитен е турнир за време на кој беше мета на бројни критики.

Многумина веруваа дека не се вклопи добро во националниот тим, и покрај фактот дека Португалија има една од најдобрите селекции на првенството.

Роналдо постигна три гола на ова Светско првенство, два во групата против аутсајдерот Узбекистан и еден од пенал во 1/16 финалето, против Хрватска.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top