(Видео) Само бод за Манчестер сити во Њукасл

(Видео) Само бод за Манчестер сити во Њукасл

пред 5 часа

Фудбалерите на Манчестер сити, по ремито со Арсенал, не успеаа да слават ни на гостувањето во Њукалс. Попладнево „граѓаните“ ремизираа со Њукасл 1.1.

Гостите поведоа во 35. минута преку Јошко Гвардиол, кој напрвина се ослободи од Брн, а потоа го свлада Поуп.

Токму Поуп стана херој на мечот, кога во третата минута од судиското надополнување забележа брулијантна интервенција при ударот на Бернардо Силва.

Њукасл изедначија преку Ентони Гордон од пенал во 57.минута.

Многу навивачи веруваа дека Гордон го исценирал контактот со Едерсон, делумно поради тоа што англискиот репрезентативец падна театрално, но видеото потврди дека имало контакт и дека бразилскиот голман со рака го фатил ривалот за нога.

Сепак, за да се решат сите дилеми, на Твитер за време на натпреварот се огласи канцеларијата на Премиер лигата, која ја образложи одлуката на судијата Џаред Џилет од Австралија.

Беше објавено дека „и покрај намерата на Едерсон да дојде до топката, тој спречи шанса за гол со соборување на Гордон и заслужи жолт картон“.

Share
Scroll to Top