Атлетико Мадрид, прв го мина плејофот за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите. „Јорганџиите“, по 3:3 во првиот меч против Клуб Бриж, вечерва на „Метрополитано“ славеа со 4:1 (1:1).
Александер Серлот, потврди дека е во брилијантна форма, со три гола им пресуди на Белгијците.
Ограчите на Бриж се претставија во одлично светло на „Метрополитано“, во ниту еден момент не беа во подредена положба, но за разлика од Атлетико не ги користеа своите шанси.
Откако Серлот, по асистенцијата на голманот Јан Облак и со помош на голманот на Бриж, Симон Мињоле го отвори резултатот, Бриж изедначи преку Ордоњез. Во следниот напад Облак со брилијантна интервенција спречи водство на гостите.
По само три минути игра во вториот дел, Џони Кардозо, погоди од 18 метри, а потоа точка на натпреварот стави Серлот со два гола.
Во осминафиналето, Атлетико ќе игра против Ливерпул или Тотенхем. Ждрепката е во петок.






