Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Арсенал со резултат од 2:1 во натпревар кој може многу да влијае на шампионската трка во Англија.
Атомски фудбал на „Етихад“, одлични шанси, стативи, жестоки дуели, една ужасна грешка на Донарума и еден магичен потег на Шерки.
Сити со оваа победа дефинитивно се врати во трката за шампионската титула. На врвот Арсенал има натпревар повеќе, позитива од три бода и два гола подобра гол-разлика.
Магичниот потег на Шерки во 16-та минута му донесе предност на Сити, која во следната минута ја поништи Хаврец, по катастрогалнаѕа грешка на голманот Донарума.
Вп вториот дел Халанд ја пгоди стативата, а потоа во 59-та и 60-та минута две шанси за Арсенал. Донарума го доби дуелот „еден на еден“ со Хаврец, недолго потоа Езе од работ на шеснаесетникот ја погоди стативата.
Клучниот момент се случи во 65-та минута, кога Сити изведе брз напад, топката дојде до Халанд, кој немилосдрно ја смести топката зад грбот на Раја. Неколку минути подцна Габриел од добра позиција ја погоди стативата.
Последната можност Арсенал да го избегне поразот ја пропушти Хаврец во 95-та минута.
Foto/ EPA






