(Видео) Скандал на ОИ – Судиите и го „украдоа“ медалот на Романката Барбосу

(Видео) Скандал на ОИ – Судиите и го „украдоа“ медалот на Романката Барбосу

пред 3 месеци

Романската гимнастичарка Ана Барбосу остана без бронзениот медал на партер на Олимписките игри во Париз поради неверојатна одлука на судиите.

Вежбата на Барбосу судиите ја оценија со 13.700 што беше доволно за третото место. Романката веднаш започна да слави, гордо го развиори знамето на својата земја. Но 30 секунди подоцна доживеа неверојатен шок.

Американците поднесоа жалба за вежбата на Џордан Чилес. Судиите ја прифатија и на крајот Американката заврши на третот место, а Романката остана без медал.

Разбирливо Ана Барбоса во солзи ја напушти арената.

Share
Scroll to Top