(Видео) Собослаи ја одложи промоцијата на Португалија во учесник на СП

(Видео) Собослаи ја одложи промоцијата на Португалија во учесник на СП

пред 21 час

Фудбалската репрезентација на Унгарија ја одложи промоцијата на Португалија во учесник на Светското првенство. Вечерва на „ Хозе Алваладе“ стадионот во Лисабон, Португалија и Унгарија ремизираа 2:2.

Промоцијата на Португалија ја одложи играчот на Ливерпул, Доминк Собослаи со голот во 91-та минута.

Португалците ја предводат групата со 10 поени, пет повеќе од Унгарија и сигурно е дека во наредната рунда, во ноември ќе го обезбедат пласманот на планетарната смотра.

Дека „скапо ќе ја продадат кожата“ во Лисабон, Унгарците најавија во осмата минута кога Атила Салаи погоди за 0:1.

Во финишот на полувремето на сцената стапи Кристијано Роналдо и со два гола делириум кај воодушевената публика во Лисабон.

Во исто време, славниот Португалец стана нов рекордер по бројот на голови во квалификациите за Светското првенство. Со овие два гола, тој постигна вкупно 41 гол на 50 квалификациски натпревари и со тоа го престигна Карлос Луиз од Гватемала на листата на стрелци на сите времиња. Трет е уште славен фудбалер, Аргентинецот Лео Меси со 36 гола.

Кристијано Роналдо ја напушти играта во 78-та минута, а како натпреварот се приближуваше кон крајот португалските навивачи почнаа да го слават пласманот на Светското првенство.

Сепак, во судиското надополнување, тие беа шокирани од голот на унгарскиот капитен Доминик Собослај.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top