(Видео) Советот на Златан ја промени кариерата на Халанд

(Видео) Советот на Златан ја промени кариерата на Халанд

пред 5 часа

Долгата коса врзана во опавче е заштитен знак на Ерлинг Халанд со години, а норвешкиот напаѓач, дека за имиџот е „виновен“ Златан Ибрахимовиќ.

Напаѓачот на Манчестер Сити призна дека го послушал легендарниот Швеѓанец без размислување.

„Знаете ли што ми рече Златан? Ми рече никогаш да не ја кратам косата, бидејќи во косата се крие силата. Што друго можев да направам? Морав да го прифатам советот нели?“, рече Халанд.

Неговата приказна ја потврди и Ибрахимовиќ, кој истакна дека за време на неговата кариера верувал дека долгата коса му носи среќа на теренот.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top