(Видео) Спалети бесен на својот играч, камерите ја снимија жестока реакција

(Видео) Спалети бесен на својот играч, камерите ја снимија жестока реакција

пред 4 часа

Јувентус ја оствари втората последователна победа, но тренерот на „старата дама“, Лучано Спалети, не беше задоволен од играта на своите играчи.

По триумфот над АЗ Алкмар (2:1) во четвртото коло од Лигата на Европа, италијанскиот стручњак ги загуби нервите и бурно реагираше кон својот играч Хуан Кабал.

Во Холандија, Јувентус водеше со 2:0 со головите на Теун Копмајнерс во 19-тата минута и Рандал Коло Муани во 37-мата минута, но на крајот од натпреварот, речиси ја загубија гпредноста.

Домашните прво го намалија резултатот на 2:1, а во судиското продолжение го израмнија резултатот, но голот на Де Вито беше поништен поради офсајд.

Спалети беше особено незадоволен од играта на колумбискиот дефанзивец Хуан Кабал, кој влезе во игра во 60-тата минута, но не успеа да ја донесе очекуваната сигурност во одбраната на Јувентус.

На крајот од натпреварот, италијанскиот стручњак реагираше бурно, а телевизиските камери снимија како тој луто му се приближува на Кабал, вербално го критикува и воспоставува физички контакт со него.

Видеото од инцидентот, брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции.

Спалети беше особено лут од фактот што Јувентус ја изгуби контролата врз играта во последниот половина час и му дозволи на ривалот сериозно да ја загрози веќе обезбедената победа.

Иако клубот од Торино освои важни три бода, новиот инцидент дополнително го привлече вниманието кон атмосферата во тимот.

Според некои медиуми, дел од играчите не се задоволни од однесувањето и методите на работа на Спалети, а шпекулациите за неговата иднина на клупата на Јувентус се сè погласни.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top