(Видео) Спектакуларна асистенција на Влаховиќ, гол на Рабио, Јуве ја победи Рома

(Видео) Спектакуларна асистенција на Влаховиќ, гол на Рабио, Јуве ја победи Рома

пред 9 месеци

Foto/ EPA

Во дербито од 18. коло на италијанското првенство на стадионот „Алијанц“, фудбалерите на Јувентус ја победија Рома со 1:0.

Црно-белите го искористија ремито на Интер во Џенова и со четвртиот триумф во последните пет натпревари се доближија на само два бода до лидерот.

Јувентус оствари важна победа во последниот натпревар од 2023 година по одличната акција крунисана со голот на Адриен Рабиот.

Во 47. минута францускиот репрезентативец ја искористи спектакуларната асистенција на Душан Влаховиќ.

Рома на секој начин се обидуваше да израмни и да избегне пораз во Торино, но и покрај иницијативата на теренот, во вториот дел имаше само два сериозни удари кон голот на Шчесни. Дибала се обиде во 71.минута и Сардар Азмун во последната минута.

На 7 јануари Јувентус гостува кај Салернитана, додека Рома истиот ден на Олимпискиот стадион ќе ја пречека Аталанта.

Share
Scroll to Top