(ВИДЕО) Супер-пресврт на Атлетико Мадрид, убедлив триумф на Бетис

(ВИДЕО) Супер-пресврт на Атлетико Мадрид, убедлив триумф на Бетис

пред 1 година

Атлетико Мадрид направи голем пресврт и стигна до триумф од 3:2 против Кадиз, иако имаше два гола негатива по половина час.

Кадиз поведе со голот на Лукас Пирес, а Роџер Марти зголеми на 0:2.

Анхел Кореа постигна гол за Атлетико Мадрид во 32.минута, а тоа беше најава за одлично второ полувреме.

Хозе Молина израмни на самиот старт на вториот дел, а Анхел Кореа беше стрелец на победничкиот гол во 66.минута.

Бетис ја победи Валенсија со 3:0. Дијао, Рока и Елзалзули беа стрелци на головите за домашниот тим на овој меч.

Share
Scroll to Top