(Видео) Уште еден кикс на Ливерпул – Палас и Фулам освоија по еден бод

(Видео) Уште еден кикс на Ливерпул – Палас и Фулам освоија по еден бод

пред 2 часа

Фудбалерите на Ливерпул и Лидс одиграа без голови во натпреварот од 19-то коло од Премиер лигата.

Tимот од „Енфилд“ ги разочара навивачите по којзнае кој пат оваа сезона, а воедно ја пропушти шансата да се приближи до водечката тројка на табелата, поточно до третопласираната Астон Вила.

Зад „црвените“ е период на стабилизација на резултатите по црната серија што ги донесе на позицијата во која се сега, далеку од првото место и речиси без шанса да се борат за титулата.

Оттука, натпреварот со Лидс беше совршена можност тимот на Слот да продолжи во ист ритам, но…

Тимот од Јоркшир беше доволно упорен, борбен и тактички добро воден, на крајот заслужено освои бод.

Статистиката вели дека Ливерпул имал 18 шутеви кон голот на гостите, од кои само еден одеше во рамките на голот.

Ливерпул се наоѓа на четвртото место на табелата со 33 бода, Лидс е на 16-то место со 21.

Во истиот термин, во малото лондонско дерби, Крстал Палас и Фулам одиграа 1:1. Палас ја прекинаа серијата од три порази, а Фулам серијата од три победи. На табелата се на деветтото и десеттото место со по 27 поени.

Матета му донесе предност на Палас во 39-та минута, изедначи на десет минути до крајот Керни.

Foto/ EPA/PETER POWELL

Share
Scroll to Top