(Видео) „Уште еднаш ви се извинувам што одев во Барселона“

(Видео) „Уште еднаш ви се извинувам што одев во Барселона“

пред 2 часа

Легендата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, влчера, имаше емотивно збогување со навивачите. Најдобриот стрелец во клупската историја, го одигра последниот натпревар пред домашната публика. На отворањето на „Метрополитано“, во 2017 година Гризман го постигна првиот гол.

Во претпоследното 37-мо коло од шпанската Ла Лига, Атлетико ја победи Џирона со 1:0 во Мадрид. Антона Гризман му асистираше на Адемола Лукман во 21-та минута за единствениот гол.

Бајковито, на 500-от настап во црвено-белиот дрес ја забележа 100-та асистенција.

Французинот доби овации од трибините, а по натпреварот им се заблагодари на клубот и навивачите за сите години поминати во Атлетико. Тој исто така се присети на заминувањето во Барселона.

„Сега е моментот кога сè ми станува тешко. Прво, ви благодарам на сите што останавте. Ова е неверојатно. Второ, и нешто што ми е многу важно – знам дека повеќето од вас веќе ми простија, а некои од вас можеби сè уште не, но сакам уште еднаш да се извинам. Не бев свесен за љубовта што ја имав тука. Бев многу млад. Тогаш направив грешка, но размислував за сè и се потрудив да се вратам и повторно да уживам во сето ова“, рече 35-годишникот.

На залезот на импресивната кариера, Антоан Гризман оди во американската МЛС лига каде што ќе игра за Орландо Сити.

Тој ја започна својата кариера во 2009 година во Реал Сосиедад, продолжи во 2014 година во Атлетико Мадрид, од каде што се пресели во Барселона во 2019 година. По две сезони, се врати во Атлетико Мадрид, прво на едногодишна позајмица, а потоа повторно потпиша со клубот од шпанската престолнина и стана најдобар стрелец на Атлетико Мадрид на сите времиња со 212 гола (143 во Ла Лига).

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top