(Видео) Фудбалерите на Уругвај се тепаа на трибините – Нуњес нокаутиран

(Видео) Фудбалерите на Уругвај се тепаа на трибините – Нуњес нокаутиран

пред 1 недела

Колумбија ќе се бори за титулата на Копа Америка, откако во второто полуфинале го победи Уругвај со 1:0. Колумбијците по пауза од 23 години повторно се во финалето, каде в недела, против Аргентина ќе се борат за својата втора титула.

Натпреварот го обележа инцидентот што се случи веднаш по завршувањето на натпреварот.

Уругвајските фудбалери предводени од највоинствениот и најхрабриот меѓу нив Дарвин Нуњес се качија на трибината со навивачите на Колумбија и физички се пресметаа со нив.

Масовната тепачка во тој дел од стадионот траеше неколку минути.

Според се уште непотврдени информации, колумбиските навивачи ги провоцирале и им се заканувале на семејствата на уругвајските фудбалери и тоа наводно била причината за реакцијата на фудбалерите на Марсело Биелса

Колку сериозен конфликтот покажува снимката од стадионот „Банк оф Америка“.

Нуњес ги поведе соиграчите кон Колумбијците, во таа маса луѓе имаше и такви кои ја смируваа ситуацијата, за да не ескалира конфликтот, но сепак преовладаа силните емоции.

Нуњес доби удар во глава На видеото може да се види и како навивач на Колумбија го удира во главата.

Имаше и уругвајски навивачи кои ги поддржаа фудбалерите. Настана целосен хаос.

Искри меѓу фудбалерите на теренот имаше веднаш по крајот на натпреварот во кој Колумбија успеа да ја зачува предноста и да победи и покрај тоа што во второто полувреме играше со фудбалер помалку.

Предводник беше Луис Суарез, кој, како што може да се види на една од бројните снимки, му пришол на противнички играч и наводно се обидел да – го гризне?!

Ништо ново за Суарез.

На крајот од овие навистина неверојатни сцени, некои играчи од Уругвај, меѓу кои и Нуњес, ги држеа своите деца, бебиња, кои беа со нивните сопруги во критичниот дел од трибината каде што се случи најголемиот конфликт.

Од друга страна, Колумбијците го слават пласманот во финалето, каде ги очекува актуелниот светски шампион и бранител на титулата во Копа Америка, Агентина.

Share
Scroll to Top