(Видео) Фудбалер фрли петарда во собата со новинарите

(Видео) Фудбалер фрли петарда во собата со новинарите

пред 6 часа

Роберт Алварадо, фудбалерот на Чивас и мексикански репрезентативец направи неверојатна глупост на прес-конференцијата на клубот.

Тој наводно сакал да се пошегува фрлајќи петарда во просторијата каде што биле претставниците на медиумите.

Петардата погоди еден снимател во ногата, што предизвика негодување кај новинарите, кои во знак на протест ја напуштија конференцијата.

Приказната набрзо се прошири на социјалните мрежи, а Алварадо ја презеде одговорноста за шегата и се извини. Тој рече дека немал намера да фрли петарда во прес-салата, туку дека сакал да се пошегува со соиграчите.

По експлозијата на петардата, новинарите ја напуштиле просторијата, но некои подоцна се вратиле да продолжат со договорените активности. Сепак, сите остро ги осудија постапките на играчот.

„Неверојатно е тоа што се случи денеска во Чивас. За речиси 15 години следење на тимот, тоа никогаш не се случило. Не беше шега“, напиша новинарката Карина Херера на Твитер.

На новинарите им се извини и раководството на Чивас, кое моментално е на 10. место на табелата.

Share
Scroll to Top