(Видео) Халанд ја сруши Данска во 96-та минута за место четвртфиналето – Новата „седумка“ погоди за победа на Португалија во Крдиф

(Видео) Халанд ја сруши Данска во 96-та минута за место четвртфиналето – Новата „седумка“ погоди за победа на Португалија во Крдиф

пред 36 минути

Норвешка покрај Португалија, од Групата 4, ќе игра во четвртфиналето, во Лигата на нации. Норвежаните со спектакуларен пресврт и гол во 96-та минута го освоија второто место во групата. Во вториот меч, Португалија, во Кардиф го победи Велс со 3:2.

Данска добро го отвори натпреварот и поведе во 11-та минута. Расмус Хојлунд најдобро реагираше на одбиената топка во шеснаесетникот и ја затресе мрежата на Норвежаните. Само три минути подоцна, домашните го дуплираа водството, откако Пјер-Емил Хојбјерг брилијантно реагираше на центаршут и со глава го погоди за 2:0.

Норвешка се обидуваше да се врати во натпреварот, а Ерлинг Халанд во 31-та минута, успеа да ја затресе мрежата по корнерот на Џулијан Рајерсон, но славјето на гостите траеше кратко. По проверката на ВАР, голот беше поништен поради играње со рака.

Сепак, Халанд постигна регуларен гол во 37-та минута и ја врати во натпреварот својата репрезентација. Данскиот голман не реагираше добро, а Норвежаните добија надеж дека можат да го свртат резултатот.

Во продолжение, Норвешка продолжи да напаѓа, а израмни во 83-та минута. Мартин Едегор најдобро се снајде во шеснаесетникот и ја испрати топката во мрежата за 2:2.

Кога се чинеше дека тимовите ќе ги поделат бодовите, следеше драматичен финиш. По проверката на ВАР, судијата Халил Умут Мелер покажа на пенал, а Халанд ја презеде одговорноста.

Норвешкиот напаѓач беше сигурен во 90+6 минута и го совлада Хермансен со силен удар за целосен пресврт.

Португалија го победи Велс со 3:2 во возбудлив натпревар.

Човекот кој ја наследи „седумката“ на Роналдо, Карлос Форбс им ја донесе победата на гостите во 70-та минута, само четири минути пред Педро Нето да биде исклучен.

Португалците поведоа веќе во 11-та минута, кога Бруно Фернандеш ја искористи асистенцијата од Жоао Невес со прецизен удар од работ на шеснаесетникот.

Сепак, Велс брзо одговори – Дејвид Брукс, по асистенција од Рубин Колвил, ја затресе мрежата на Диого Коста во 13-та минута. Голот првично беше поништен поради можен офсајд, но беше признат по проверката на ВАР.

Домашните потоа ја презедоа иницијативата и во 40-та минута стигнаа до пресврт. Сорба Томас влезе во шеснаесетникот со одличен соло продор и со прецизен удар го погоди долниот десен агол за 2:1.

Португалија, сепак, успеа да израмни пред паузата – Тринкао го пронајде Педро Нето во 43-та минута, кој ја испрати топката во мрежата од непосредна близина.

Во продолжението, Португалија имаше неколку добри можности, а Нето ја погоди стативата во 59-та минута. Само неколку минути подоцна, Форбс влезе од клупата и тоа се покажа како еден од клучните потези на тренерот.

Во 70-та минута, по одлична индивидуална акција, го совлада Дени Ворд и им донесе ново водство на Португалците, 3:2.

Сепак, гостите си ги отежнаа работите, во 72-та минута, Нето доби жолт картон за остар почеток, а само две минути подоцна, и втор, па Португалија остана со десетмина на теренот.

Велс се обиде да ја искористи предноста, но не успеа да најде начин да израмни.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top