(Видео) Ханси Флик повторно го впери прстот во судиите

(Видео) Ханси Флик повторно го впери прстот во судиите

пред 4 часа

Барселона претрпе уште еден удар, доживеа пораз во Џирона (2:1) и го загуби првото место во Примера. По поразот Каталонците повторно се жалат на судењето, го вперија прстото во главниот судија Сезар Сото Градо.

Ханси Флик, верува дека, на голот за победа на Џирона му претходел чист фаул врз Жил Кунде. Сепак, судијата Сото Градо го призна голот, а ВАР дури и не го повика да ја провери ситуацијата.

-„Зошто ВАР не интервенираше? Не знам тоа. Сметам дека тоа беше чист фаул. Немам што повеќе да додадам на таа тема. Работата е јасна, но не е изговор“, рече тренерот на Барселона по натпреварот.

Германецот сепак, за разлика од мечот со Атлетико, зборуваше и за лошата игра на неговиот тим во првиот ред, но повторно ги спомна судиите.

„Судиите си ја работат својата работа. Понекогаш тоа го прават на исто ниво како што играме ние… На лошо ниво. Понекогаш не ја работат добро работата, но ние мора да се подобриме“.

Оваа ситуација само ќе ги разгори страстите на релација Барселона – Реал – судии. И Каталонците со задоволство ќе го извлечат фактот дека под водство на овој судија, Сото Град, Барселона загубила дури 47% од натпреварите во шпанската лига (седум од 15), што е највисок процент на порази во овој век кога суди одреден судија.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top