(Видео) Хименез во 93-та минута го сруши Интер, Мбапе со четири гола го почести Олимпијакос, хет-трик на Витиња против Тотенхем

(Видео) Хименез во 93-та минута го сруши Интер, Мбапе со четири гола го почести Олимпијакос, хет-трик на Витиња против Тотенхем

пред 2 часа

Атлетико Мадрид ја забележа третата победа во Лигата на шампионите, воедно му го нанесе првиот пораз на Интер во елитното натпреварување. „Јорганџиите“ во Мадрид славеа победа со 2:1, со голот на Хозе Марија Хименез во 93-та минута.

Интер има за што да жали, еден час доминираше на „Метрополитано“, но таквата игра му донесе само еден гол. Атлетико го засили темпото од 55-та минута и на крајот ризикот им се исплатеше.

Со малку среќа, Атлетико од првата опасна акција постигна гол во деветтата минута преку Хулијан Алварез. Чоло Симеоне потоа ги повлече своите фудбалери, кои се бранеа во низок блок.

Одбраната на Атлетико ја проби Пјотр Зјелински во 54-та минута. До 60-та минута Диего Симеоне ги изврши сите измени, Атлетико ја презеде контролата врз играта и на рајот успеа да победи буквално од последниот напад со голот на дефанзивецот Хименез.

Исклучително интересен натпревар одиграа Олимпијакос и Реал Мадрид. Славеа гостите од Мадрид со 4:3.

Херој на „кралскиот клуб“ беше Килијам Мбапе, стрелецот на сите четири гола. Францускиот ас постигна хет-трик за само шест мунути и 42 секунди, кога ја понипти предноста до која дојде Олимпијакос со голот на Чикиња.

По водството на Реал 1:4, по гол постигнаа Тареми и Ел Каби, но Олимпијакос немаше сили да дојде барем до еден бод.

Фудбалерите на Пари Сен Жермен, во спектакуларен меч го победија Тотенхем со 5:3.

Херој на победата на актуелните европски шампиони беше португалскиот играч од средниот ред Витиња, кој постигна три од петте гола на својот тим.

Тотенхем два пати водеше со головите на Ришарлисон и Коло Муани, а ПСЖ се враќање во мечот со головите на Витиња. Потоа за „светците“ погодија Фабијан Руиз и Пачо. Коло Муани со својот втор гол ја врати неизвесноста, но Витиња со третиот гол ги реши дилемите околу конечниот победник.

До крајот на натпреварот, домашниот тим остана со еден играч помалку, откако Лукас Ернандез доби директен црвен картон во судиското продолжение.

Share
Scroll to Top