(Видео) Холандија ја доби драмата во финалето, херојот е Де Јонг

(Видео) Холандија ја доби драмата во финалето, херојот е Де Јонг

пред 3 месеци

Баскет репрезентацијата на Холандија го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз. Холанѓаните по продолжението ја победија Франција со 18:17. Натпреварот по 10 минуит игра заврши 16:16.

Херој на Холандија е Ворти Де Јонг, 38-годишен играч кој името го добил по легендата на ЛА Лејкерс, Џејмс Ворти.

Де Јонг најпрвин изедначи на 16:16 на неколку секунди до крајот и избори продолжение за Холандија.

Во Баскетот 3×3 победник во продлжението е тимот кој прв ќе постине два поени. Откако Французите го реализираа првиот напад, Де Јонг на истекот на нападот на Холандија, со звукот на сирената погоди двојка за победа.

Во балтичкото дерби за третото место Литванците ги победија Летонците со 21:18 и ги оставија без медал олимписките шампиони од Токио.

Share
Scroll to Top