(Видео) Хулијан, Паз и Мастантуоно ја декласираа Костарика

(Видео) Хулијан, Паз и Мастантуоно ја декласираа Костарика

пред 1 час

Светскиот вице-првак Аргентина, експресно го заборави поразот од Уругвај (1:2), во Кордоба „Гаучосите“ ја победија Костарика со 7:0.

Хулијан Алварез и Нико Паз ја декласираа Костарика во првото полувреме. Постигнаа по два гола, па на полувремето заминаа на заслужен одмор. Селекторот, Лионел Скалони, на нивните места ги внесе Мануел Лопез и Франко Мастантуоно.

Токму Мастантуоно постигна два гола во второто полувреме, а меѓу стрелците се запиша и Алексис Мекалистер.

По Аргентина, Уругвај исто така остави одличен впечаток против Доминиканската Република. Забележа победа со 5:0 со головите на Агире, Де ла Круз од пенал, Валверде, Дамијан и Валдес постигнаа автогол.

Чиле и Колумбија играа без голови, додека Еквадор ја победи Боливија со 2:0.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top