(Видео) Црвена зведа победи во 178-то вечно дерби

(Видео) Црвена зведа победи во 178-то вечно дерби

пред 5 часа

Фудбалерите на Црвена звезда убедливо го победија Партизан (3:0) на стадионот „Рајко Митиќ“ во 178-то вечно дерби во рамките на 24-то коло од српската Суперлига. Црвена звезда ја забележа 72-та победа, сега има 24 победи повеќе од вечниот ривал и на табелата има четири бода повеќе од Партизан.

Во дербито блескаа Василије Костов и Александар Катаи со по гол и асистенција. Дербито го обележа и дивеењето на навивачите на партизан. По вторито гол на Црвена звезда предизвикаа пожар на јужната трибина, поради што мораа да интервенираат пожарникарите.

Првиот гол го постигна Костов во четвртата минута од судиското надополнување на времето во првиот дел. Марко Арнаутовиќ ја зголеми предноста во 56-та, погоди од 20 метри.

Голманот на Црвена звезда одбрани пенал во 70-та минута, на одбиената топка налета Костиќ ја смести во голот, но ВАР интервенираше, го поништи голот. Костиќ пред време влезе во шеснаесетникот.

Од најубавата акција на натпреварот, точка на триумфот на Црвена звезда стави Катаи во 77-та минута. За него ова беше 150-от гол во црвено-белито дрес.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top