(Видео) Црногорски третолигаши го наместија „невозможното“

(Видео) Црногорски третолигаши го наместија „невозможното“

пред 7 месеци

Црна Гора, во последните години стана синоним за скандали и местенки во фудбалот. Но, она што го направија фудбалерите на Будва и Зета ги помина сите граници.

Во баражот за пласман во Втората лига на Црна Гора играа Ибар, Будва и поранешниот шампион Зета.

Во пресрет на последното коло, Ибар можеше да остане без промоција само во случај на навидум невозможна комбинација, Будва и Зета да ремизираат со четири или повеќе гола и Будва да победи на пенали.

И токму тоа се случи. Натпреварот заврши 3:3, а Будва победи со 4:2 на пенали.

Така двете екипи од овој натпревар изборија пласман во Втората лига, а Ибар од Рожај остана во Третата.

Самиот развој на настаните на теренот во Будва беше комичен.

Зета на гостувањето во Будва до 32. минута постигна три гола, но потоа за само дваесет домаќинот возврати и изедначи на 3:3.

Потоа од 54. минута до крајот на натпреварот ништо не се случуваше на теренот.

Екипите кои набрзина постигнаа дури шест гола, преостанатите 36 минути само чекаа да заврши натпреварот.

Според очекуваното сценарио следеа пенали и победа на Будва.

Очекувано, Ибар за случувањата на натпреварот во Будва испрати жалба до Европската фудбалска унија (УЕФА).

Share
Scroll to Top