(Видео) Шампионска лекција за Лејкерси, Вориорс победија во Сан Антонио

(Видео) Шампионска лекција за Лејкерси, Вориорс победија во Сан Антонио

пред 7 часа

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер играа против Лос Анџелес Лејкерс и ги декласираа со 121:92.

По првата четвртина беше 30:18 за актуелните шампиони на НБА лигата, а на полувреме беше 70:38, со што беа решени дилемите околу победникот.

Актуелниот MВП на лигата Шеј Гилџис-Александер беше првото име на дуелот со учинок од 30 поени, пет скока и девет асистенции.

Исаија Џо додаде 21 со пет асистенции, а Еј Џеј Мичел имаше 14 поени во 12-та победа на Тандер во 13-от натпревар од почетокот на сезоната.

Оклахома Сити ги запре Лејкерс со добра одбрана и го лимитираше тимот што е лидер во лигата по процент на шут од поле (51,2 проценти) на само 40,3 проценти реализација во овој натпревар.

Лука Дончиќ исто така потона во сивилото на тимот од Лос Анџелес.

Словенецот го одигра својот најслаб натпревар оваа сезона. Оваа сезона, тој има просек од 37,1 коша, со 9,4 скока и 9,1 асистенции, а Тандер го лимитираа на само 19 поени (тројки 1/7, вкупно 7/20), со четири изгубени топки. Исто така, имаше седум скока и асистенции.

Бидејќи Леброн Џејмс сè уште не е подготвен, Лејкерси најмногу се потпираат на дуото Дончиќ – Остин Ривс. Кога двајцата се заедно на паркетот, односот на тимот до овој натпревар беше 4-1. Покрај Дончиќ, Тандер го запреа и Ривс кој постигна само 13 поени. Досега тој имаше просек од 30,3 поени по натпревар.

Извонреден натпревар во Сан Антонио одиграа Спарс и Голден Стејт Вориорс. Победата им прпадна на гостите од Сан Франциско (120:125). Ова е прв домашен пораз на Сан Антонио од почетокот на сезоната.

Вориорси ги предводеше Стеф Кари со 46 поени (13/25 од поле, 5/16 од три, 15/16 од слободни фрлања), со пет скока и пет асистенции.

Друштво му правеше Џими Батлер, кој додаде 28 поени, осум асистенции и шест скока, а Мозес Муди имаше 19 поени.

Во поразениот тим, двајца играчи постигнаа трипл-дабл учинок, Виктор Вембањама имаше 31 поен, 15 скока и 10 асистенции.

Стефон Касл исто така имаше двоцифрен број на поени во три колони: 23 поени, 10 скока и 10 асистенции.

Тој и Вембањама станаа првите играчи на Сан Антонио кои имаа трипл-дабл во ист натпревар.

НБА, резултати:

Шарлот – Милвоки 111:100
/Бриџис 20 – Ролинс 25/

Детроит – Чикаго 124:113
/Рид 28 – Бузелис 21/

Њујорк – Орландо 107:124
/Бренсон 31 – Вагнер 28/

Бостон – Мемфис 131:95
/Причард 24 – Џексон Џуниор 18/

Мајами – Кливленд 116:130
/Пауел 27 – Ален 30/

Хјустон – Вашингтон 135:112
/Дурант 25 – Сар 25/

Њу Орлеанс – Портланд 117:125
/Квин 26 – Шарп 35/

ЛА Клиперс – Денвер 116:130/Харден 23 – Јокиќ 55/

Далас – Феникс 114:123
/Томпсон 19 – Букер 26/

Сакраменто – Атланта 100:133
/Елис 20 – Џонсон 24/

Share
Scroll to Top