(Видео) Јамал промаши пенал, Барселона нокаутирана во Џирона

(Видео) Јамал промаши пенал, Барселона нокаутирана во Џирона

пред 3 часа

Барселона ја препушти лидерската позиција во Примера, откако во 24-то коло, во малото каталонско дерби, неочекувано падна на „Монтоливи“ во Џирона. Барселона, по поразот 2:1, има два бода помалку од лидерот Реал.

Првото полувреме, донесе неколку добри шанси за Џирона, статива на Рафиња и промашен пенал на Јамал на истекот на првиот дел.

Почетниот резултат на семафорот стоеше до 59-та минута, кога Пау Кубарси постигна гол со глава по центаршутот на Жил Кунде.

Радоста на Барселона траеше само три минути, колку што му беа потребни на Тома Лемар да го израмни резултатот.

Потоа, Џирона имаше неколку одлични шанси, за целосен пресврт, но Џоан Гарсија со брилијантни интервенции не дозволи да биде совладан.

Сепак, во 87-та минута, повторно капитулираше, кога не можеше да го запре ударот на Фран Белтран. Овој фудбалер неодамна пристигна во Џирона на позајмица од Селта.

Барса се обиде, да освои барем еден бод, нападна во последните минути со сите играчи, но резултаот не се промени.

Длабоко во судиското надополнување на времето, во 98-та минута, поради груб прекршок врз Јамал, црвен картон доби Рока.

По овој триумф, Џирона со 29 бода се искачи на 12-то место на табелата.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top