Никола Јокиќ, испиша историја во НБА лигата, во победата на Денвер над Орландо 126:115, а Лука Дончиќ одигра спектакуларен меч во Солт Лејк Сити, каде Лејкерси ја победија Јута со 143:135.
Никола Јокиќ стана центарот со најмногу асистенции во историјата на НБА лигата.
Србинот го заврши натпреварот со 23 поени (10/17 од поле), 11 скока и 13 асистенции за 35 минути на паркетот.
Со тие 13 успешни додавања, Јокиќ го престигна Карим Абдул Џабар на вечната листа на центри и сега е прв по тој параметар во историјата на лигата.
NEW NO. 1 ASSISTS LEADER
![]()
Nikola Jokic passed Kareem Abdul-Jabbar for most assists by a center in NBA history
pic.twitter.com/IW0BSHczNZ
— ESPN Insights (@ESPNInsights) December 19, 2025
Џамал Мареј исто така одигра одлична натпревар, постигнува 32 поени.
На спротивната страна, Паоло Банкеро постигна трипл-дабл со 26 поени, 16 скока и 10 асистенции, но дури ни тоа не беше доволно против силните Нагетси.
Солт Лејк Сити сведочеше на брилијантна партија на Лука Дончиќ. Словенецот ги предводеше Лејкерси до победата со трипл-дабл. Дончиќ постигна 45 поени, со 14 асистенции и 11 скока, но и клучни поени за победата.
Во последниот дел, Словенецот погоди тројка речиси од центарот, со која Лејкерси ги скришија Џезерите, а потоа го решија натпреварот.
Дончиќ, помош доби од Леброн Џејмс, кој забележа 28 поени, 10 асистенции и седум скока.
Во тимот на Јута, Кајод Џорџ имаше 34 поени, додека Јусуф Нуркиќ додаде 15, со осум скока и седум асистенции.






