Кошаркарите на Денвер Нагетс го загубија директниот дуел за првото место во Западната конференција од Минесота Тимбервулвс. „Волците“, во Денвер славеа победа 111:98.
Без поддршка од соиграчите, повредениот Никола Јокиќ, не можеше да го спречи поразот на Денвер.
Србинот играше и покрај повредата на шутерска рака, а промаши 11 од првите 17 удари за да го заврши натпреварот со 11/24 од поле.
Јокиќ забележа дабл-дабл со 32 поени, 10 скока и пет асистенции.
Сепак, Нагетс останаа под 100 поени втор натпревар по ред и го претрпеа вториот последователен пораз на домашен терен.
Денвер сега се трети на Западот со половина победа зад Тимбервулфс и Оклахома Сити Тандер кои ги совладаа Феникс Санс.
Без повредениот Џамал Мареј, Јокиќ немаше соодветна поддршка од соиграчите.
Арон Гордон и Мајкл Портер постигнаа по 14 поени, Реџи Џексон додаде 12, а ДеАндре Џордан 11.
Од друга страна, „Волците“ ги предводеа Ентони Едвардс со 25, Мајкл Конли со 23 и Руди Гобер со 21 поен и 12 скока.
Резултати:
Шарлот – Голден Стејт 97:115
Индијана – ЛА Лејкерс 109:90
Орландо – ЛА Клиперс 97:100
Вашингтон – Детроит 87:96
Бруклин – Чикаго 125:108
Кливленд – Филаделфија 117:114
Мајами – Портланд 142:82
Оклахома – Феникс 128:103
Сан Антонио – Њујорк 130:126
Јута – Хјустон 100:101
Сакраменто – Далас 103:107