Кошаркарите на Голден Стејт го победија Денвер, во Сан Франциско со 128:117, во натпревар од НБА лигата.
Натпреварот мина во доминација на десеткуваниот Голден Стејт. Вриорс настапија со само девет кошаркари и без главните играчи. И во таква ситуација одиграа инспирирано, погодија 15 тројки во првото полувреме, во кое ја имаа највисоката предност д 13 поени.
Денвер беа далеку под своето ниво, со исклучок на Никола Јокиќ, но тој не можеше само против Ворирос.
Денвер ја стигна предноста на Вориорс во третиот период, во решавачката четвртина влеггоа со шест поени предност, но таа се истопи кога јокиќ не беше на теренот.
Јокиќ натпреварот го заврши со 35 поени (11/21 од поле, 3/4 за три, 10/11 пенали), 20 скока, 12 асистенции, три украдени топки и две блокади. По мечот истакна дека е загрижен од начинот на кој игра Денвер и дека не може да го детектира проблемот зошто тоа е така.
За Нагетсите се истакнаа Џамал Мареј со 21 поен, Кристијан Браун со 18 поени и пет скока, додека само Брус Браун со 12 поени и четири скока постигна двоцифрен број на поени.
Во редовите на победниците, кои беа значително ослабени на овој натпревар, најдобри беа Мозес Муди со 23 поени, седум скока и пет асистенции, Ал Хорфорд имаше 22 поени (шест тројки од седум обиди) и седум асистенции, Диентони Мелтон запиша 20 поени и четири скока, додека Брендан Подзиемски се истакна во последната четвртина (15 поени), завршувајќи го натпреварот со 18 поени, 15 скока и девет асистенции.
Foto/ EPA






