Никола Јокиќ стигна до својот јубилеен 200-ти трипл-дабл во регуларниот дел од неговата НБА кариера и го предводеше Денвер до победа од 104:91 во Њу Орлеанс.
Српскиот центар го заврши натпреварот со 21 поен, 13 скока и 10 асистенции, а особено е интересно што ова беше неговиот 16-ти трипл-дабл против Пеликанс, повеќе отколку против кој било друг тим во лигата.
Нагетс го контролираа натпреварот од почеток до крај и забележаа уште една победа, додека Пеликанс сè уште не знаат за триумф оваа сезона.
На српскиот ас сега му недостасуваат уште 10 трипл-дабл натпревари за да го надмине Расел Вестбрук и да стане рекордер во НБА во оваа категорија.
Денвер го предводеше Џамал Мареј со 23 поени, додека Арон Гордон додаде 15 поени и 11 скока, 15 поени постигна и Кристијан Браун.
Foto/ Depositphotos






