(Видео) 19-годишниот гимнастичар Габриел Лангтон падна од вратило, финалето во Глазгов прекинато

(Видео) 19-годишниот гимнастичар Габриел Лангтон падна од вратило, финалето во Глазгов прекинато

пред 8 часа

Младиот англиски репрезентативец, 19-годишниот Габриел Лангтон, доживеа тежок пад од вратило, поради што финалето на екипното натпреварување во спортска гимнастика на Игрите на Комонвелтот во Глазгов беше прекинато повеќе од десет минути.

За време на изведбата на сложена вежба, Лангтон изгуби падна од голема висина директно на глава. Во салата веднаш настана тишина, додека медицинските екипи потрчаа на теренот, а останатите гимнастичари во шок со раце на лицето го набљудуваа инцидентот, јавија британските медиуми.

Медицинскиот тим неколку минути му укажуваше помош на самото борилиште. По имобилизацијата и ставањето заштитна крагна, Лангтон беше изнесен на носилки од салата, проследен со силен аплауз од загрижената публика, а потоа итно префрлен во локална болница на детални прегледи.

Од англиската репрезентација соопштија дека Лангтон цело време бил свесен, можел да ги движи рацете и нозете и комуницирал со лекарите.

„Изразуваме огромна благодарност до медицинските екипи кои реагираа во најкраток можен рок. Габриел е префрлен во болница на понатамошна дијагностика, а нови информации за неговата состојба ќе бидат објавени веднаш штом бидат достапни,“ стои во официјалното соопштение.

Лангтон влезе во националниот тим за Игрите на Комонвелтот во последен момент, како замена за повеќекратниот олимписки шампион Макс Витлок, кој поради повреда мораше да го пропушти натпреварувањето.

 

Share
Scroll to Top