Вила со играч помалку го згази Палас, Фулам и Саутемптон со досадни 0:0

Вила со играч помалку го згази Палас, Фулам и Саутемптон со досадни 0:0

пред 2 години

„Боксинг деј“ во Англија, 15 коло, два меча во терминот од 16 часот во најквалитетната Премиерлига.

На „Вила парк“ Астон вила иако цело полувреме играше со човек помалку убедливо со 3-0 го совлада Кристал Палас.
А резултатот стана активен уште во 5 минута. Траоре погоди за 1-0 за домашната екипа.

Во 45 минута од мечот поради непромисленст Мингс го заработи вториот жолт картон, Вила остана цело второ полувреме да игра со играч помалку. Сепак тоа не ги спречи да го дотолчат противникот.

Најпрво Хаус во 66 минута погоди за 2-0, а конечниот резултат беше дело на Ел-Гази во 76 минута.

На „Кревин котиџ“ во Лондон, Фулам и Саутемптон одиграа 0-0.

Гостите на овој меч беа поблиску до победата, постигнаа два гола, но по ВАР сугестија, двата беа поништени.

Во тек е големото лондонско дерби Арсенал – Челси, а вечерва во Премиерлигата се играат и дуелите Манчестер Сити – Њукасл и Шефилд Јунајтед – Евертон.

Share

sun win

sunwin web sunwin web game bài sunwin

tải sunwin

sunwin.apk mới nhất sunwin.apk mới nhất tải sunwin apk

sunwin

Scroll to Top