Вилма Учета Дузлевска  со несекојдневна награда – Business Elite’s „40 under 40“ за најуспешен млад бизнис лидер од Југоисточна Европа

Вилма Учета Дузлевска со несекојдневна награда – Business Elite’s „40 under 40“ за најуспешен млад бизнис лидер од Југоисточна Европа

пред 5 месеци

Вистинските лидери се едноставни луѓе, нивниот фокус е успешно градење на компанија и грижата за оние кои се нивни соработници и деловни партнери. За хармонизација на сето ова и градење на успешна целина потребна е истрајност и посветеност како и долгогодишно менаџерско искуство, па така по поминати два мандата на функцијата генерален Директор во Кроација осигурување – Живот а.д., Скопје, Вилма Учета – Дузлевска изгради компанија која стана лидер на пазарот за животно осигурување и препознатлив бренд на македонскиот осигурителен пазар.

Под нејзино управување, Компанијата двојно го зголеми капиталот над законскиот минимален цензус и тоа низ процес на органски раст и како резултат на акумулирани добивки од работење, премијата за осигурување ја зголеми четири-кратно или во апсолутнен износ, 620 милиони денари раст за периодот, додека профитот на Компанијата го зголеми за 10-на пати во апсолутен износ, односно над 70 милиони денари, по групациски стандарди. Импозантен е растот и на средствата под управување кои во нејзиниот мандат се зголемуваат за 2,5 милијарди денари.

Компанијата за животно осигурување со лидерска позиција на пазарот за животно осигурување од 44% во Ноември 2019 година ја предава на нов менаџерски тим да го продолжи растот. Токму затоа, развојот на една мала Компанија во вистински лидер на пазарот за животно осигурување претставува личен печат во нејзината долгогодишна кариера.

По постигнатиот успех во Кроација Осигурување – Живот а.д., Скопје, ангажманот го продолжува во рамки на Групацијата Кроациа Осигурување, во Друштвото за неживотно осигурување, кое работи на македонскиот пазар. Во краток период од неколку месеци, под нејзино водство, Компанијата го зголемува својот основен и дополнителен капитал за 138 мил.денари, но и се стекнува со Сертификат од Lloyd’s Register под меѓународниот стандард за квалитет ИСО 9001:2015.

Богатата биографија и успесите низ годините беше мотив Учета – Дузлевска оваа година да биде избрана за еден од најуспешните млади Бизнис – Лидери од Југоисточна Европа.

“Business Elite Awards” е бренд на “Global Top Brands Awards”, креиран да го оцени и награди успехот на бизнисмените низ светот и да ги поврзе меѓусебно, создавајќи една глобална мрежа од млади Бизнис – Лидери кои силно и сплотено ќе имаат понатамошна можност за соработка и раст на компаниите кои ги представуваат. Програмата е посветена на извонредни млади менаџери и претприемачи.

Изборот е направен од страна на Борд составен од признати бизнисмени и јавни личности од Европа и Светот, а наградата Business Elite’s „40 under 40“ Учета – Дузлевска ќе ја добие во Милано, Италија.

Секоја добиена награда или признание е мотив плус да се оди напред во остварување на нови цели и планови па така долгогодишната кариера на челната позиција во Кроациа Осигурување Учета – Дузлевска овие денови ја заврши и започнува нов ангажман за голем меѓународен бренд во полето на осигурувањето.

Share

Yashahime: Princess Half-Demon (Dub) (https://kissanimeonline.com/m/316o) Episode 9 at website https://kissanimeonline.com. See more re zero kissanime

Naruto Episode 220 at website https://funimationfree.com dragon ball z funimation dub

Scroll to Top