Вилјареал на Унаи Емери се искачи на третото место во Ла лига, откако во фуриозни половина час игра дадоа четири гола и славеа 0:4 победа на гости кај секогаш незгодната Селта во Виго.
„Жолтата подморница“ беше едноставно незапирлива во првото полувреме. Жерард Морено го отвори резултатот по пет минути игра, во 14. минута Мои Гомез зголеми на 0:2, за Дани Парехо во 19. минута да го најави „потопот“ на Селта. Младиот Фер Нињо во 31. минута ги постави конечните 0:4.
Вилјареал сега е трет со 32 поени, четири зад второпласираниот Реал Мадрид, но и бод пред Барселона, иако гигантите ги немаат одиграно своите мечеви од 18. коло. Селта по фантастичната серија, има два порази во низа и е на осмото место со 23 поени.