Винисиус ги спаси „кралевите“ од домашен пораз од Сосиедад

Винисиус ги спаси „кралевите“ од домашен пораз од Сосиедад

пред 4 години

Наместо со победа да се доближат на само три поени до градските ривали Атлетико Мадрид пред големото дерби во недела, Реал Мадрид се намачи да стигне до 1:1 домашно реми со Реал Сосиедад во меч кој може да има многу големо значење во борбата за шпанската титула.

Тимот на Зинедин Зидан влезе во дуелот со баскискиот клуб со низа од четири победи, кои иако не беа многу убедливи, ги држеа во трка со Атлетико, заедно со Барселона веднаш пред нив. Со загубените поени, притисокот на тимот за победа во дербито на „Ванда Метрополитано“ ќе биде огромно за Зидан и Реал.

Порту во 55. минута ги донесе гостите во водство, а нападот на „кралевите“ не функционираше се до 89. минута, кога Жуниор Винисиус, кој влезе како замена не постигна гол, негов прв по 25 меча за Реал.

Реал сега се на третото место на табелата со 53 поени, зад Барселона со ист број на поени, но подобра гол разлика, и Атлетико на 58, и тоа со натпревар помалку. Сосиедад се петти со 42 поени.

Share
Scroll to Top